Измачено улично куче чиј нос брутално бил исечен си нашло нов дом кај една жена од Тексас. Кога го нашле кучето Анубис, тоа се криело под некоја кола. 48-годишната Кели Хадсон од Спринг, Тексас, прочитала за Анубис на интернет и веднаш посакала да го земе кај себе.
„Бидејќи јас многу ги сакам животните, би сакала да ги згрижам сите малтретирани животни, но Анубис навистина ми прирасна за срце“, вели Хадсон.
Таа разговарала со нејзиниот сопруг и веднаш потоа пополниле формулар за посвојување на кучето. Муцката на Анубис била отсечена со некакво сечило и оттогаш тој скитал по улиците на Каиро, за да биде спасен од Фондацијата за заштита на животните во Каиро.
„Кучето е многу дружељубиво, што е неверојатно со оглед на тоа што некои луѓе така го унаказиле“, вели Хадсон.