Црква. Свадба. Попот пее и одеднаш еден пијан сват оди до попот и шлап, му врзува еден шамар.
– Ако те удираат од едната страна, заврти му го и другиот образ! Ајде врти се!
Попот, без да размислува многу, во одговор му мава еден јак бокс во фацата и почнува да пее:
– Со каква мера мериш, со таква ќе ти биде одмереноооо!
Во тоа време се појавува полицаец и строго прашува:
– Ајде да видиме што се случува тука?!!
А од гостите се слуша глас:
– Не се мешај, ја толкуваат Библијата…