Се чини дека е невозможно да се избегне Покемон Го, новата игра која зарази милиони луѓе во светот, и една невеста го увидела тоа кога местото на нејзината свадба се погодило да биде место за борба на покемони. Како резултат на тоа, многу гости наместо да уживаат и да се веселат на свеченоста, се замајале со виртуелната реалност играјќи ја играта, па така многу од свадбените фотографии се измешани со виртуелната реалност.

На една слика ликот Булбасаур ја гледа невестата како пристигнува, излегувајќи од автомобилот во нејзиниот свадбен фустан. Во друга слика се гледа како компјутерски создадениот „Пиџи“ ја загледува свадбената торта.

Елизабет раскажува дека си имала маки дури и со нејзиниот сопруг, кој исто така играл за време на својата свадба. Но, таа воопшто не се налутила и целата ситуација ѝ се чинела доста комична.

„На свадбата многу се зборуваше за Покемон и бев загрижена дека ќе ни ја уништи забавата, но испадна забавно сето тоа фотобомбардирање со разни таму покемони“, вели таа.

pk01 pk02 pk03 pk04 pk05 pk06 pk07 pk08 pk09

Сподели на Facebook
пати видено