Жена од Бразил на Фејсбук била обвинета за злоставување деца откако видео на кое се гледа како таа тверка со мало дете станало многу популарно. Видео клипот со витката жена која тверка и детето кое се смее на тоа бил снимен во Рио де Жанеиро. Не е познато дали жената му е мајка на детето, но многу гледачи се убедени во тоа и ја обвиниле младата жена дека е перверзна.

Клипот бил споделен од корисникот Даниел Каникио кој напишал: „Што се случува со оваа планета. Како пак да почнеме од почеток? Јас не сум моралист, но кога ќе сфатите дека има луѓе кои мислат дека ова е смешно и кул, тогаш знаете дека овој свет е болен.“

Клипот во рекордно време бил виден речиси 750 000 пати и коментиран од стотици луѓе кои се расправаат дали видеото е пристојно или не.

Сподели на Facebook
пати видено