Би си помислиле дека дури и ако клиентите не знаат правилно да ги напишат зборовите во тетоважата која ја замислиле, нивниот тату-уметник би требало да го знае тоа. Но, очигледно тоа не секогаш е така, како што покажуваат некои од овие несреќни фотографии, каде што се гледаат најразлични нешта, од грешки во пишувањето до такви катастрофи при кои тоа што требало да биде розово фламинго испаднало нешто сосема трето.
Дали тетовирачите си поиграле со овие луѓе, или пак толку им била умешноста, не се знае со сигурност. Но, сосема сигурно е дека овие луѓе сосема сигурно се покајале за тетоважите кои ги добиле на својата кожа.