32-годишната Адел и 33-годишниот Мет Ален од Брајтон, Велика Британија, веруваат во целосно природен пристап на одгледување на нивните деца – до толку што одбиваат секаква современа медицина, традиционално школување, а мајката ги дои децата и покрај тоа што нивниот петгодишен син одамна ја надминал нормалната возраст за тоа.

ml01

„Собиравме многу информации за овој пристап, но едноставно имавме чувство дека вака е правилно“, вели Мет. Адел ги родила и двете деца без никаква помош и без никаква медицинска интервенција, при што единствено бил присутен нејзиниот сопруг.

„Едноставно не ми се допаѓаше помислата да родам во болница, од повеќе причини, но најмногу од ефектот на набљудувачот.“

ml02

Адел и Мет решиле да изведат „лотус“ породувања, што значи дека плацентата и папочната врвца не се отстрануваат хируршки. Наместо тоа, Адел ја носела закачената плацента во украсена торбичка, посипана со сол и розини ливчиња за да се неутрализира непријатниот мирис, сѐ додека таа не отпаднала по природен пат.

ml03

„При двете раѓања беа потребни шест дена за папочната врвца да отпадне природно. Ја завиткувате и ја одржувате чиста и таа си паѓа, формирајќи совршено папоче. Колку што знам, тоа е совршено бебедно и за нас испадна прекрасно. Не сум чула да има случаи да тргне на лошо.“

ml04

Адел силно го претпочита продолжителното доење и сѐ уште го дои нејзиниот петгодишен син. „Улисис сѐ уште цица од време на време. Откако се роди бебето, малку го намаливмме доењето со него, но не можам да му кажам `не` кога тој ќе побара. Мислам дека е на него да реши кога ќе престане со мајчиното млеко.“

ml05

Сподели на Facebook
пати видено