Речиси 60 000 корисници на дрога сами се предале на властите откако филипинскиот претседател Родриго Дутерте им дал одобрение на граѓаните слободно да ги убиваат дилерите и наркоманите. Дутерте, наречен „Казнувач“ ги добил изборите во мај и ветил објавување војна на трговијата со дрога.

„Овие к*рвини синови ги уништуваат нашите деца. Ве предупредувам, не се впуштајте во тоа, дури и ако си полицаец, бидејќи јас навистина ќе те убијам“, рекол претседателот за време на еден јавен говор во Манила, главниот град на земјата.

Откако навистина почнале да се наоѓаат трупови по улиците со натпис „дилер“ оставен на градите, вкупно 60 000 корисници на дрога доброволно се предале на властите. Досега полицијата потврдила 200 убиени луѓе од доаѓањето на власт на новиот претседател, кој најавил дека околу 100 000 луѓе ќе умрат и нивните тела ќе бидат фрлени во заливот на Манила да ги јадат рибите кои ќе се здебелат од нив.

fp01 fp02 fp03 fp04 fp05 fp06 fp07 fp08 fp09 fp10 fp11 fp12 fp13 fp14 fp15 fp16 fp17 fp18 fp19 fp20 fp21 fp22 fp23 fp24 fp25 fp26

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено