Овие денови сите светски медиуми пишуваат за случајот на родителите вегани од Милано, Италија, на кои им било одземено старателството врз нивното дете поради загрозеното здравје на детето. Имено, во италијанската болница влегле баба и дедо кои донеле 14-месечно бебе кое тежело само пет килограми, што инаку е просечната тежина на тримесечно дете. Бебето било во прилично лоша здравствена состојба.
Лекарите процениле дека вината за ова лежи во веганската исхрана на која несовесните родители го подвргнале и своето дете. Подоцна било утврдено дека детето имало и вродена срцева маана која би требало да се оперира, но таа состојба дополнително била влошена со ниското ниво на калциум. Италијанскиот лекар Лука Бернардо вели дека треба да се размисли пред деца да се подвргнуваат на некои режими на исхрана, бидејќи на децата им е неопходна храна богата со калциум и железо.
Денес бројот на деца кои растат со веганска или вегетаријанска исхрана е сѐ поголем. Италијанската јавност е посебно вознемирена со последниот случај, бидејќи за жал тој не е единствениот. Во последните месеци таму се забележани уште два слични случаи, при што децата завршиле на интензивна нега.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!