Властите на кинеската провинција Хубеи одлучија да ја кренат во воздух 3,7 километри долгата брана за да се намали нивото на водата и да се спречат поплавите по обилните дождови. За операцијата употребија 27 тони експлозив, а беа евакуирани повеќе од 1.500 луѓе од околните области.