Зависник од видео играта „Покемон Го“ бил прободен додека додека ловел ретки виртуелни суштества, и одбил да му се укаже медицинска помош за да може да ги фати сите. 22-годишниот Мајкл Бејкер бил на доцновечерен лов на Покемони во Форест Гроув, Орегон, кога налетал на некој за кој мислел дека е друг играч. Но, кога го прашал непознатиот дали игра во Покемон битката, човекот го прободел во рамото.
Покемон Го е игра која се игра со помош на GPS и играчите треба да излезат надвор да ги уловат сите 151 ликови. И Бејкер го правел токму тоа во понеделник во 1 часот по полноќ, поминувајќи по пат да земе некое пиво и чипс. Како што одел кон продавницата во близина на неговиот дом, сретнал друг човек како оди по улицата.
„Го видов како минува и го прашав дали игра Покемон Го. Тој ме праша: Што? И потоа тргна кон мене со нож.“
Напаѓачот го прободел во рамото, нанесувајќи му голема исеченица за која биле потребни осум конци. Но, Бејкер почекал дури до следниот ден за да побара помош за својата рана, бидејќи бил зафатен со играњето Покемон.
„Веднаш откако ме прободе, продолжив по патот да си купам пиво и чипс и да ја продолжам својата мисија. Практично си го ризикував животот“, вели тој.
Полицијата потврдила дека 22-годишниот човек бил прободен, но одбил медицинска помош за да може да ја игра играта. Бејкер е долгогодишен фан на Покемон и сака да биде првиот „кој ќе ги улови сите“.