Во Њујорк се случила сцена како во„Живи мртовци“, само што не се работело за зомби погодени од инфекција – туку лоша дрога. Вчера наутро во Бруклин биле хоспитализирани триесет и тројца луѓе поради можна предозираност со К2, вид синтетичка марихуана. Сведоците известуваат дека виделе како дваесеттина луѓе повраќале, мокреле и се онесвестиле грчејќи се среде улица во девет часот наутро.

dr

Нивната реакција на неквалитетната дрога се случила речиси во исто време, во близина на Бродвеј. Линдзи Форенбах, жителка во соседството, ја опишува грозоморната сцена:

„Луѓето се појавуваа и набргу потоа паѓаа на земја, се онесвестуваа врз хаубите на колите, или ќе се стуткаа на плочникот. Сите изгледаа како да не се свесни за својата околина и едноставно не можеа да стојат на нозе. Како што си одев од таму, видов неколку амбулантни коли.“

„Ова не е нешто што би сакале да го видат вашите деца“, вели друг човек. 38-годишниот Артур ја снимил непријатната сцена и ја споделил на својот Фејсбук профил.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено