Една жена си ја снимила целосната процедура на царски рез при породувањето на нејзиното трето дете на својот мобилен, осигурувајќи се тоа искуство никогаш да не го заборави. Жаклин од Сиднеј докажала дека мајките се способни за вршење повеќе нешта наеднаш во буквално било која ситуација, снимајќи го секој чекор од раѓањето на нејзината ќерка, како што се одвивала хируршката интервенција.
Подоцна гордата мајка си го објавила видеото на својот Фејсбук профил. Снимката им овозможува на гледачите да го гледаат раѓањето како што тоа го видела Жаклин, и да ги слушнат докторите како даваат најразлични упатства, известувајќи ја за тоа што се случува. Иако самата Жаклин не можела да го види мигот кога новороденчето било извлечено од нејзината утроба, таа го држела телефонот доволно високо за гледачите да можат да видат сѐ.
Најчесто при царскиот рез се става параван пред мајката за да се осигураат тој дел од телото да остане стерилен, како и мајката да не може да види кога ја сечат. Но, како што можете да видите, оваа мајка е малку поинаква. Трендот мајките да го снимаат раѓањето на нивните деца е во пораст. На почетокот на овој месец Лиса Робинсон, фотограф од Сан Франциско, САД, се појави на насловните со тоа што го снимила целото породување, од почеток до крај.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!