Еди Хал станал првиот човек во светот кој од место успеал да крене 500kg – но веднаш потоа се онесвестил откако му пукнале крвните садови во главата. Снагаторот од Сток-он-Трент наречен „Ѕверот“ го извел овој неверојатен подвиг во арена во Лидс за време на викендот, но признал дека тоа за малку ќе го убиело.

Хал кренал 465 килограми, но истото го постигнале уште двајца негови соперници, што значело дека тој ќе мора да постигне уште подобар резултат. Пред очите на вџашената публика, Хал зел длабок здив и успеал да крене тег со тежина од половина тон. По кревањето паднал на колена и персоналот му притрчал напомош.

„Тоа за малку ќе ме убиеше. Притисокот во моето тело беше неверојатен и се онесвестив. Ми течеше крв од носот. Не е здраво да се прави такво нешто, но јас го сторив тоа. Сигурен сум дека долго време ќе ме има во историските книги. Тоа е одлично чувство. Како првиот човек на месечината, првиот човек кој истрчал километар за помалку од четири минути. А сега јас сум првиот човек кој успеал да крене половина тон. Тоа ќе влезе во историјата и многу сум горд поради тоа.“

bb

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено