Откако филипинскиот претседател дал одобрение дилерите на дрога слободно да се убиваат, почнале да се појавуваат ужасни фотографии со убиени луѓе, при што главите им биле завиткани со селотејп, а на градите им бил ставан знак „јас сум дилер“. Сцените со убиства на наводни дилери биле снимени во Манила, и нивниот број расте. Главниот обвинител упатил апел до полицијата да убива повеќе осомничени дилери на дрога, бранејќи ја од критичарите бруталната војна со криминалот која ја води филипинскиот претседател Родриго Дутерте.
Откако Дутерте ги добил изборите во мај, полицијата го потврдила убиството на повеќе од 110 осомничени дилери. Дутерте ветил дека ќе воведе ред во државата па макар и по цена на илјадници животи. Но, почнале да се јавуваат случаи на убиства за кои полицијата не преземала одговорност. Поради тоа, поборниците за човекови права, како и некои правници, изразиле длабока загриженост дека војната со организираниот криминал би можела да излезе надвор од контрола.
Во одговор на тие критики, главниот обвинител Хозе Калида одржал прес конференција на која го кажал следното:
„За мене и ова не е доволно. Колку зависници и дилери на дрога има на Филипините? Дури и нашите села се преполни со дрога. Јас сум тука да ги охрабрам полицајците да не се плашат од истражни постапки против нив. Ние ќе ги браниме.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!