Млада жена од Пакистан споделила смешни фотографии од нејзиниот одмор на кој заминала без својот сопруг. Хума Мобин и нејзиниот нов сопруг Арсалаан Север Бат сакале да одат на меден месец во Грција, но човекот не можел да обезбеди виза. Првично младата жена не сакала да оди без нејзиниот маж, но бидејќи одморот веќе бил платен, тие решиле дека би било добро да ја видат Грција.

Тоа значело таа да замине сама, а тој да ги види знаменитостите на слика. Но, наместо да се смее и да ужива, жената позирала со тажен изглед на нејзиното лице. На повеќето фотографии е со раширени раце, како божем го гушка својот сопруг. За нештата да бидат уште полоши, телефонот ѝ паднал во морето, па потоа почнала да позира покажувајќи дека ѝ недостига и сопругот и телефонот.

zn01 zn02 zn03 zn04 zn05 zn06 zn07 zn08 zn09 zn10 zn11

Сподели на Facebook
пати видено