39-годишната Лора, која долги години работела во Грција, добила 1,5 милион евра како наследство, по што исчезнала без траг. Од своето ново богатство жената успеала да подигне само 5000-6000 евра. Таа е разведена и има две деца. Шест години живеела во Грција, при што се запознала со стар професор кој го негувала. Професорот ја засакал и бидејќи немал блиски, решил во наследство да ѝ остави 1,5 милион евра.
„Професорот ѝ префрлил 1,46 милиони евра и стан. Сметките беа замрзнати бидејќи ги проверуваа инспектори, но сѐ се покажа законски. Лора исчезна на 8 септември минатата недела. Добивме заплашувачка смс порака: „Знаеме за парите. Ќе ти го убиеме пријателот. Сакаме да ни ги префрлиш парите. Не јавувај се во полиција!“, раскажува нејзиниот пријател Мартин.
„Откако исчезна, добив и втор смс, дека треба да молчам, бидејќи ако прозборам, ќе почнат да ѝ ги сечат прстите“, споделува Мартин. Тој за тоа ги известил властите во Бугарија и Грција, но досега нема разврска.
Сестрата не верува дека службите работат на случајот. „Од полицијата во Благоевград ни кажаа дека Лора е добро во Грција и дека просто не сакала да не види. Тоа се живи глупости. Според мене не ја бараат. Сестра ми е грабната. Претпоставувам дека не ги префрлила парите, бидејќи ако го стори тоа, ќе ја убијат. Сакам да ја видам пред мене и да ми каже дека не сака да нѐ види“, вели сестра ѝ.