Експерт по психологија од Харвард објасни како Дајамонд Рејнолдс успеала да остане толку смирена и љубезна со полицаецот кој во среда вечерта пред нејзини очи го застрела нејзиното момче Филандо Кастил. На видеото се гледа како таа смирено, но доста решително се конфронтира со полицаецот и покрај тоа што тој на моменти го насочува својот пиштол кон автомобилот и вреска во паника.

cr02 cr01

Нејзината смиреност и сталоженост импресионирала многумина кои го виделе видеото, но Џим Хопер од Харвардското медицинско училиште вели дека таа во тој миг физички била неспособна да чувствува страв. Хопер, кој професор по психологија, објаснува дека кога се соочуваат со трауматични настани, некои луѓе не реагираат како што тоа се прикажува во филмовите – со паника, викање и плачење. Тоа е затоа што мозокот делумно се исклучува. Траумата испушта хормони за регулирање на болката кои личноста ја ставаат во емотивно умртвена состојба.

„Луѓето буквално не чувствуваат што се случува во нивното тело“, вели тој. „Тој механизам буквално може да се исклучи. Тоа е мозокот во исплашена состојба.“
Така, кога полицаецот размафтувајќи се своето оружје вреска: „му кажав да не посегнува“, Рејнолдс сосема смирено му одговара: „Му кажавте да ја извади својата лична карта, господине.“

cr03

Проф. Моника Вилијамс, директор на Центарот за ментални растројства при Универзитетот во Луисвил смета дека реакцијата на Рејнолдс можеби се должи и на стравот од полицијата. Тоа можеби довело до развој на однапред подготвена стратегија за опстанок. „Способноста да останете смирени во состојба на криза помага да си го зачувате животот и да ги заштитите вашите сакани.“

cr04

Така, како што смета Вилијамс, стравот кој ја генерирал таа стратегија можеби бил стекнат во текот на детството при слушање на приказни за тоа како полицијата злоставува и убива црнци.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено