31-годишниот Зоран Јурковиќ од Вуковар, Хрватска, одел со велосипед во соседната населба Петровци на работа. Но задувал силен ветер и му било јасно дека невремето нема да го заобиколи со оглед на тоа дека на небото над него се насобрале црни облаци проследени со дожд и грмотевици. На себе ја имал работната облека и гумени чизми и се надевал дека нема да биде целосно мокар. Се наоѓал токму на влезот на селото кога над главата слушнал силна грмотевица и последното нешто што го видел било молња.
„Не се сеќавам на ништо повеќе. Се разбудив во некаков автомобил со двајца непознати мажи кои ми кажаа дека ме водат во болница бидејќи ме удрил гром. Не знаев за што зборуваат. Ми кажаа дека ме удрил гром и дека мислеле дека сум мртов. Чувстував само дека ме печат градите, но друго ништо не ме болеше – вели Зоран, еден од ретките кои ја имале таа среќа да преживеат гром. Изгорениците по вратот и градите се последица на високата енергија на громот, а спас од сигурна смрт му донеле гумените чизми и тркалата на велосипедот, но и фактот дека громот не му минал низ целото тело, туку од него излегол преку гениталиите, па така не дошло до кобното „заземјување“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!