Прошетката на таткото со неговите деца била забавно искуство, сѐ додека не налетале на – дух. Барем така тврдат тие, дека при посетата на детско игралиште во Ворвик на Род Ајленд виделе дух. Кога го виделе тоа децата, не сакале да излезат да се лулаат, бидејќи лулашктата веќе била зафатена од некој призрак.

Скоти Дентон, авторот на видетото, објаснува: „Се наоѓаме на игралиштето и децата не сакаат да одат понатаму бидејќи, погледнете го ова…Ова е реално, погледнете. Нема никој, а нема ни ветер.“

Семејството си останало на безбедно во колата додека лулашката продолжила да се ниша. Скоти додава: „Погледнете ги другите лулашки, тие не се движат“. На тоа неговиот син додава: „Можеби некој ја турнал.“

Но, се чини дека ова семејство не е единственото кое забележало дека нешто злокобно се случува на тоа игралиште. Човек кој живее во областа вели: „Се возиме крај него цело време. Тоа чудо секогаш се движи како лудо.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено