Факт: дивите верверички се немирни филммејкери. Благодарение на умниот трик на YouTube корисникот Вива Фрај, кој закачил парче леб на камерата како мамка, гладната верверичка ја понела лесната камера со која подоцна снимила дел од своите авантури на дрвјата.
На крајот малиот глодар ја испуштил камерата на земја, откако го изел лебот, но Вива Фрај ја немал истата среќа со својот втор обид, бидејќи верверичката ја оставила камерата на дрво, присилувајќи го заедно со неговиот пријател Ворен да се качат на дрвото за да ја земат назад.