Романско семејство од шеснаесет члена поставило камп под еден подвозник на една од најпрометните улици во Лондон. Семејството во кое има три петгодишни деца го поставиле импровизираното живеалиште во источниот дел на британскиот главен град. Тие пред две недели дошле во Велика Британија во потрага по работа, но велат дека досега немале среќа. Сега сакаат да се вратат во Романија, но не можат да си дозволат да ги платат трошоците за долгиот пат од 1609 километри.
Марија Флореску, единствената во семејството која знае англиски јазик, вели дека мажите не успеале да најдат работа, па жените биле приморани да просат по лондонските улици. 27-годишната Флореску вели: „Дојдовме овде да работиме, но многу е тешко бидејќи немаме домашна адреса. Сега не можеме да си дозволиме да го платиме патот до дома. Овде е навистина бучно, само сакаме да си се вратиме дома и повеќе да не се враќаме овде. Даваме сѐ од себе, но што да правиме?“
Група која им помага на бегалците и мигрантите сега се обидува да најде начин како да го врати семејството во нивната родна земја.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!