Горда мајка го опишува трогателниот миг кога родила едно од најголемите бебиња во Британија родени по природен пат. Рори бил роден со неверојатни 6 килограми, двојно повеќе од нормалната просечна тежина. Неговата мајка, 23-годишната Шарлот Хауторн и 26-годишниот татко Метку Вилијамс немале поим дека нивниот син ќе биде толку голем. Тој бил зачнат преку вештачко оплодување и се родил по пет часа породилни маки.

Шокираниот персонал повикал засилување кога големата глава на Рори конечно се појавила, но за среќа се родил во одлично здравје. Шарлот исто така не поминала лошо со оглед на големината на нејзиното бебе и по неколку часа застанала на нозе. Единствениот проблем со кој се соочиле е тоа што Рори е преголем за сета облека која внимателно ја бирале за него во текот на бременоста.

bb01 bb02 bb03 bb04 bb05 bb06 bb07 bb08 bb09 bb10 bb11

Сподели на Facebook
пати видено