Брат и сестра се уапсени откако полицијата во нивниот дом во Мајами нашла и запленила дрога и 24 милиони долари во кеш. 44-годишниот Луис Хернандез-Гонзалес и 32-годишната Салма Хернандез се одведени во притвор во среда кога полицијата го нашла купот готовина на нивниот имот во Флорида, САД. Парите, за кои се верува дека се заработени со распространување марихуана, биле поделени во банкноти од по 100 долари и складирани во портокалови пластични кофи.
Скришната просторија каде што биле скриени дрогата, оружјето и парите биле „чувани“ од статуета на св. Лазар, католички свештеник популарен во Куба. Полицијата вели дека тоа е најголемото запленување дрога во историјата. Хернандез-Гонзалес поседува продавница за светилки и градинарска опрема. Но, властите веруваат дека тоа било само параван за трговијата со наркотици. Наводно тој бил инволвиран во ланец кој криумчарел марихуана до Тенеси.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!