10-годишно момче кое има големи проблеми со прекумерната тежина и не може да носи друга облека освен традиционалната малајска облека наречена сарон, минало на драстична диета поради страв дека може да почине. Арја Пермана е прогласен за најдебелото дете во светот поради неговите 192 килограми. Јаде по пет полни оброци дневно кои се состојат од ориз, риба, телешко и други производи, достаточни да нахранат двајца возрасни мажи. Момчето од Индонезија се отпишало од училиште, бидејќи не може да оди и како што раскажува неговата мајка Рокаја, тој е „вечно гладен“.

„Има огромен апетит и навистина може да конзумира порции колку за двајца возрасни. Постојано е уморен и се жали на недостиг на воздух. Единствено што прави е да јаде и спие, или со часови да се излежува во кадата“, споделува мајката.

Selection_001

Родителите на Арја решиле да го ограничат количеството храна кое нивниот 10-годишен син го прима на ден и сега го подложуваат на диета која се состои само од кафеав ориз.

„Моето дете расте со многу брзо темпо и се плашам за неговата здравствена состојба. Не знам никаков друг начин преку кој би можела да го сопрам тој процес освен намалување на количеството храна кое го јаде“, коментира Рокаја. „Може да прави само мали чекори, пред целосно да изгуби рамнотежа. Мечтаам да си го видам синот како си учи и игра со другите деца во соседството.“

Арја е второто дете на 35-годишната Рокаја и нејзиниот 45-годишен сопруг Аде Сомантри. Роден е на природен начин и при раѓањето бил тежок нормални 3,8 килограми. Кога наполнило две години, момчето започнало нагло да трупа килограми, но и покрај тоа родителите не биле особено загрижени, бидејќи биле среќни дека сепак синот им е „здрав“.

„Тој беше пополничок од мојот прв син и другите деца од селото, но не си помислувавме дека треба да се грижиме. Просто го восприемавме како пополничок и го гледавме како среќно и здраво дете. Но, само по неколку години неговите килограми излегоа од контрола, осонавме дека всушност станува збор за заболување и дека му е потребна медицинска помош“, споделува мајката.

Родителите го одвеле Арја на преглед кај неколку лекари, но тие не нашле ништо невообичаено во врска со неговата исклучително голема тежина.

„Ни кажаа да го одведеме во подобри болници ако сметаме дека му е потребна медицинска помош. Потрошив многу пари, над моите возможности, само за да го излечам син ми, но јас сум сиромашен земјоделец и остварувањето на доходи за неопходното количество храна е голема задача за мене. Немам доволно средства за да купувам доволно храна со кое ќе се засити детето. Земам пари на заем, за да се храниме. Не можам да го оставам гладен“, вели таткото Абе. Освен тоа, додава дека нема можности да обезбеди престој во скапите болници за неговиот син, но се надева дека неговиот син еден ден ќе биде нормален.

001

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено