Австралиска љубителка на животни ја раскажала срцепарателната приказна за нежниот орангутан наречен Буџинг кој многу страдал пред да биде спасен од нејзината организација. Кајли Було, проектен менаџер на Проектот Орангутан живее во Перт, Австралија, но редовно патува во Индонезија каде што помага да се пронајдат и рехабилитираат заробените суштества.

or01

Буџинг бил земен од неговата мртва мајка уште како младенче и бил продаден како милениче по цена од 75 долари, за потоа да биде чуван во ужасни услови во Сунгаи Бенгарас, Западен Калимантан, провинција во индонезискиот дел на Борнео. Сега старо девет години, измаченото животно со години било оковано крај една селска куќа. Но, откако дознала за него, Було организирала проект и патувала осум часа во тешки услови за да го спаси животното.

or02

„Кога стигнавме, го најдовме Буџинг окован крај една куќа. Беше многу слаб и немаше влакна по телото како последица на потхранетост. Неговите сопственици кажаа дека кога бил млад тие редовно го капеле и му давале млеко“, раскажува Було. „Но, кога пораснал, тие го врзале со синџир за да го спречат да влегува во имотот на соседите и да им ја јаде храната. На грбот има две длабоки рани. Сопствениците го предадоа Буџинг на нашиот спасителски тим кој го одведе во спасителскиот центар кој Проектот Орангутан го финансира во Западен Калимантан.

or03

Човек може само да си ја замисли тагата и очајот која Буџинг ја чувствувал секој ден. Но, во неговите очи сѐ уште може да се види блесок на надеж за подобро утре. На девет години, Буџинг е неколку години постар од другите мајмуни во засолништето, но е значително помал од нив, поради исклучително лошата исхрана додека бил чуван како милениче.“

or04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено