Анте Праниќ, новиот градоначалник на Вргорац, Р. Хрватска, стапи на должност и веќе од првиот ден сите плати на службениците на градското собрание ги сведе на минималец. Основицата на службеничката плата ја снижил од 4600 куни (37700 денари) на 3120 (25500 ден.) и оваа мерка ќе трае шест месеци, се дознава во канцеларијата на градоначалникот.

gr

Дваесет и деветгодишниот градоначалник, кој на неодамнешните предвремени избори во вториот круг ја победи Нада Јелавиќ, кандидатка на ХДЗ, од денес на влезот во зградата на градското собрание воведува и електронска евиденција на работното време.

Покрај тоа, патните трошоци на вработените ќе им се пресметуваат според километражата, а не како до сега врз основа на цената на месечна автобуска карта. Праниќ и неговиот заменик Миле Херцег најавиле уште неколку мерки кон нивните вработени.

Слични мерки на штедење порано спровел и Божо Петров, градоначалникот на Метковиќ.

Сподели на Facebook
пати видено