Украински сточар тврди дека убил чупакабра, легендарно крвопијно животно, откако ѕверот му ја тероризирал стоката. Иван наводно го убил животнот со помош на вила додека тоа се прикрадувало во една од неговите штали во потрага по храна.
Чупакабра е дел од фолклорот во Северна и Јужна Америка и наводно за првпат била видена во Порторико. Се раскажува дека оттогаш била видена во повеќе земји, меѓу кои и Русија, Казахстан и Украина.
Во овој случај животното било уловено во селото Рукшин, во западниот украински регион Чернивци, каде што жителите тврдат дека ѕверот влегувал во кафезите со кокошки и зајци и ја цицал крвта од нивните тела. Иван изјавил:
„Чупакабрата ловеше и јас ја убив. Долго време ги плашеше локалните луѓе. Ги јадеше нашите кокошки и зајци.“
Ветеринарите го проучуваат мртвото тело на животното, но досега не успеале успешно да го идентификуваат како некое од веќе познатите животни. Валериј Допирјак, управителот на регионалната државна лабораторија за ветеринарна медицина, изјавил: „Ова животно личи на африканска лисица, но неговите заби, вратот, ушите и шепите се предолги. Не можеме да кажеме што е ова.“
Еден друг локален жител по име Виктор тврди дека не била една чупакабра, туку две. Вели дека другата повеќе личела на кенгур, со подолго тело и пократки предни шепи, но избегала. Селаните се плашат да ги остават своите домови во страв дека чупакабри ќе им ги исколат животните. Се верува дека овој ѕвер може да прескокне ограда висока 2 метри. Зборот чупакабра значи „цицач на јарци“ и легендарното животно го добило по тоа што има навика да ја цица крвта на стоката која ја напаѓа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.