Двајца негуватели биле снимени со скриена камера како се изживуваат врз сериозно болен пензионер. Камерата ја поставил неговиот син, кој се посомневал дека се случува нешто што не е во ред. 40-годишниот Мухамед Азим и 29-годишниот Халид Хусеин, и двајцата од Рочдејл, биле снимени како си гледаат телевизија, а потоа грубо го влечат 79-годишниот човек, за на крај да го измијат со студена вода.
Синот се загрижил откако забележал дека постелнината на која лежел старецот е валкана. Азим и Хусеин се изјасниле виновни за несоодветна грижа. Пензионерот имал тешки здравствени проблеми како проблеми со бубрезите и срцето, дијабетес, деменција, хипертензија и ампутирана нога. На негувателите им била изречена затворска казна од 6 месеци, суспензија во траење од 12 месеци, 150 часа неплатена работа, парична казна од 100 фунти плус судските трошоци во износ од 250 фунти.
Синот изјавил: „Никаква казна не може да го надомести неописливиот начин на кој тие се однесувале со мојот татко, кревок стар човек кој не може да се брани себеси. Им го доверив да го чуваат и да се грижат за него, наместо тоа тој стана преплашен и вознемирен, потскокнувајќи на секој звук.“
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!