„Недојдија“, ранчот на Мајкл Џексон, сега е сведен на правлива сенка од некогашниот раскош, седум години по смртта на пејачот. Нови фотографии, снимени минатата седмица, го прикажуваат имотот во Лос Оливос, Калифорнија, кој сега повеќе личи на некаков запуштен град на духови отколку на простран тематски парк каков што беше некогаш.

Џексон го купил ранчот во 1987 година за 19,5 милиони долари и таму живеел сѐ до 2003 година кога властите направиле рација по што Џексон се соочил со обвиненија за злоставување деца. Пред три години нговата ќерка Парис побарала имотот да се реновира, по што, како што изјавил персоналот, ранчот бил „целосно ревиталииран.“ Но, се чини дека ранчот „Недојдија“ ги претрпел последиците на рекордната суша која ја погоди Калифорнија изминатите пет години. Имотот, кадешто Џексон некогаш чувал повеќе животни како миленичиња, вклучувајќи два тигри, четири жирафи и три шимпанза, сѐ уште има неколку штали и мини зоолошка градина. На имотот се забележани барем пет кози. Но, од некогаш раскошните тревници денес е останато многу малку. Еве го ранчот на “кралот на поп музиката“, некогаш и сега.

mj12

mj16 mj17

mj01 mj02 mj03 mj04 mj05 mj06 mj07 mj08 mj09 mj10 mj11 mj13 mj14 mj15

Сподели на Facebook
пати видено