Мајката на Зоки Поки оди на спиритуална сеанса и го зема со себе и Зоки. Човекот што контактира со мртвите го избира токму Зоки Поки за да ги демонстрира своите способности.
– Кажи ми момче, со кој сакаш да се поврзеш?
– Со дедо, ако може…
– Добро.
Паѓа медијаторот во транс и зборува со растреперен глас:
– Здраво Зоки, јас сум дедо ти од небото. Што сакаш да ме прашаш, внуче мое?
– Здраво дедо! – Видливо импресиониран одговара Зоки.
– Сакам да те прашам, што к*р бараш на небото, а пред половина час беше дома?