Сигурно некогаш ви се случило да ви „заигра“окото. Треперењето на окото и тиковите на клепките можат да траат кратко, но понекогаш и со седмици.
Њујоршкиот лекар Џоел С. Шуман за „Тек Инсајдер“ објаснува дека причините за треперењето на окото често се заморот и стресот. Како причини уште се посочуваат и преголем замор на очите, кофеин, алкохол, суви очи и недостиг од некои хранливи материи. Тоа што ви е неопходно е повеќе спокојство, достаточно сон и повеќе прошетки. А тој препорачува и медитација, бавно дишење и опуштање на мускулите. Ако сметате дека проблемот е поголем и трае подолго од ден-два, не губете време барајќи решенија на интернет, туку веднаш посетете лекар.
Со треперењето на окото се сврзани и разни суеверија. Според едно од нив, ако ти трепери левото око, во скоро време ќе ти се случи нешто навистина непријатно, што ќе те натера да плачеш долго у без утеха. Но, тоа важи само ако трепери долната клепка на левото око. Ако на жена ѝ затрепери горната клепка, тоа предвестува претстоен предлог за брак кој таа не треба да го одбие, ако не сака да страда поради тоа.
Треперењето на десното око се сврзува со добивањето на големо богатство, особено во период на финансиски потешкотии. Ако на млада девојка која оди на првата средба со новиот сакан ѝ затрепери десното око, тоа значи дека ја очекува бурна љубов. Но, ако ѝ затрепери левото око, тоа најавува дека наскоро ќе се раздели од него. За да го неутрализира ова суеверие и да се оттргне од пророштвото за разделба, кога ќе си дојде дома девојката треба да се измие со света вода.
Ако на маж му трепери десното око кога оди на љубовна средба, тоа навестува успеси на љубовниот фронт за него. Но, ако трепери левото око кога решил да се види со стара љубов, тоа најавува дека ќе се случат непријатности со неговата сегашна љубов. Ако на човек му претстои важен настан во животот поврзан со финансии и почне да му игра левото око, тоа означува дека се задаваат непријатности.
Ако почне да ви трепери десното око кога ќе видите човек со кој тукушто сте се запознале, тоа значи дека тој можеби ќе ви донесе успех во животот. Ако ви затрепери левото око, би било добро да го избегнувате друштвото на тој човек.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.