Две братчиња, едното на три години, а другото на осумнаесет месеци, умреле во среда, откако нивниот татко ги оставил во автомобилот на жештина на југот на Израел. Жители на селото Ал-Сајед во пустината Негева ги виделе децата во автомобилот кои веќе биле во несвест, соопштил гласноговорникот на израелската служба за спасување.

Во Израел веќе неколку дена трае топлински бран и температурите во Негева во текот на денот надминуваат 35 степени. Според медиумите, децата очигледно умреле од дехидрација откако неколку часа минале во автомобилот паркиран недалеку од училиштето каде што предава нивниот татко. Тој ги оставил таму пред да замине на работа.

ng01

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено