Инструкторка по карате од Орландо, САД, му праќала свои голи слики на нејзин 11-годишен ученик и му велела дека сака да има секс со него. 21-годишната Стефани Фигуроа се соочува со обвинение за обид за намамување, непристојно однесување и придонесување за делинквенција на малолетник, како и за покажување на експлицитни материјали и злоставување малолетник.

fg00

Мајката на детето минатата седмица ја отворила социјалната апликација Кик на неговиот телефон и ги видела безобразните пораки на Фигуроа кон него.

„Сакам да имам секс со тебе“, му рекла во една од пораките, поканувајќи го на нејзината забава за нејзиниот дваесет и први роденден.  „ОК, НМГ“, одговорило момчето, користејќи кратенка за „ОК, не ми е грижа.“ Фигуроа му кажала на момчето дека на забавата нема да има никој кај нејзе дома. Таа почнала да му се пушта уште од февруари, постојано велејќи му дека ѝ се допаѓа, како што кажало детето во полиција. Иследниците велат дека му испратила 15 голи или провокативни слики.

fg01Човекот кој е сопственик на карате клубот изјавил дека кога ги прегледал снимките од видео надзорот, не нашол каков било доказ дека Фигуроа се обидела да го злоставува детето во просториите на клубот.

fg02

Сподели на Facebook
пати видено