Василиј „Убиецот“ Степанов е најзлобниот и најопасниот руски хулиган. Се смета дека тој е водач на ултрасите на Евро 2016. Неговото име се посочува како главен поттикнувач на нападот врз англиските фанови во Марсеј, при што два островјани по судирот завршиле во кома – тоа се 51-годишниот Ендрју Бејч и 47-годишниот Стјуарт Греј. Како последица на овие немили настани, УЕФА ја предупреди Руската федерација дека нивниот тим би можел да биде исфрлен од турнирот.

hl01

Степанов е добро познат меѓу ултрасите во Русија. Тој е основач и член на огранокот „Гладијаторите на Спартак“ и е познат по тоа што на натпреварите оди со боксерски ракавици и заштитна гума за забите, трудејќи се да создава што е можно поголем хаос на стадионот. Најпознатиот инцидент во кој учествувал е судирот со навивачите на ЦСКА во 2007 година, кога двете навивачки групи го предизвикуваат најголемиот судир во рускиот фудбал, а во нередот учествуваат над илјада луѓе.

hl02

Сега Василиј се обидува да се стекне со светска слава со неговите дејствија за време на Евро 2016. Уште пред почетокот на турнирот тој се заканувал дека ќе ги уништи руските хулигани.

hl03

„Тепањето е еден вид спорт. За мене историјата е многу важна. Ги почитувам навивачките клубови кои имаат повеќе длабочина, а не да одат на стадионот само да викаат за својот клуб. Кога едни навивачи застануваат зад својата родина во историски и морален поглед, тие секогаш ќе ја имаат мојата почит. Не ми е грижа што тие прават на стадионот“, изјавил Василиј.

hl04

Степанов признава дека причината да ги нападне англиските навивачи е проста – за него е важно да победи навивачи кои имаат гордост, страст и историја. По сѐ изгледа, тој успеал да постигне привремено примирје со останатите руски навивачи, за тие да бидат обединети за време на европското првенство во Франција.

hl05

Самиот Василиј сега за сега одрекува дека ги организирал нападите врз англичаните и вели дека во Франција е само на одмор. Неговиот адвокат и братучед Сергеј Жорин пак вели дека Степанов се откажал од хулиганскиот живот.

hl06

„Ние пораснавме заедно. Неговото име е Василиј (Васја) Степанов и меѓу навивачите е познат по прекарот Васја Убиецот. Тој е татко на четири деца, а во моментот неговата жена е бремена со пето. Тој веќе се оддалечи од оној вид на живот и дури не ни присуствува на европското првенство. А и покрај тоа, неговите слики осамнуваат на насловните на меѓународни списанија и весници“, вели Жорин.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено