Врската помеѓу човекот и неговото куче е нешто што е вонвременско, почнувајќи уште од времето кога нашите предци се криеле по пештерите во Европа. Кога 85-годишниот ранчер од Тексас, САД, Џ.Р. Николсон бил одведен со амбулантна кола во болница, ништо не можело да го спречи неговото куче Бади. Кога болниот ранчер побарал од медицинските лица да му го најдат кучето, тие не можеле никаде да го најдат, и бидејќи случајот бил итен, побрзале кон болницата без кучето. После триесеттина километри на возачот на амбулантната кола му мавнал возач кој ги претекнувал. Кога запреле, имале што да видат. Кучето Бади скокнал на надворешниот праг на амбулантната кола и цело време се возел така со нив, ризикувајќи го животот само да биде блиску до својот сопственик!

B2vT8zjIUAAUJ0i

„Веднаш ви доаѓаат две нешта на ум“ – кажал возачот на амбулантната кола – „Прво, што сѐ можело да му се случи на Бади, и второ, какво неверојатно животно е тој“.

„Беше малку смешно. Ние бевме внатре, а тој скокнал врз контролниот прекинувач и ги вклучил сирената и светлата“ – изјавил еден од болничарите – „воопшто не знаевме што се случува.“

Сподели на Facebook
пати видено