Пристаништето во францускиот град Кале било затворено речиси два часа откако биле забележани мигранти ккако прливаат во морето, обидувајќи се да достигнат траекти тргнати кон Британија. Еден работник во пристаништето вели:
„Тоа е тактика која сме немале можност многу да ја гледаме во минатото, и го покажува нивниот очај. Мигрантите го ризикуваат својот живот среде ноќ и мора да се стори сѐ за да се осигура нивната безбедност. Сиот сообраќај беше запрен во 2:20 наутро и беше организирана операција за спасување, со хеликоптери и чамци. Извадените од водата беа однесени во болница, а сообраќајот беше пуштен дури во 4 часот наутро.“
Досега во Кале има околу 5000 мигранти кои живеат во тешки услови додека чекаат шанса да пристигнат во Британија. Според статистиките, минатиот месец бројот на мигрантите кои успешно се прошверцувале во Велика Британија е тројно зголемен. Експертите велат дека вистинските бројки не можат ни да се проценат, бидејќи голем дел од нив по нивното пристигнување исчезнуваат и воопшто не се регистрираат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!