Во судница судат обвинет за убиство. Во случајот има доволно докази но телото на жртвата не е најдено. Адвокатот на обвинетиот му вели на судијата:
– Почитуван судија, имам едно изненадување за вас. За помалку од една минута, жртвата за која го обвинувате мојот клиент, ќе влезе во судницата.
Сите поротници чекаат со нетрпение и гледаат во вратата. Чекаат 1 минута, 2, 5… но никој не влегува. Тогаш адвокатот продолжува:
– Мојата изјава не е точна, но сите вие гледавте во вратата, значи верувате дека жртвата е жива. Барам ослободителна пресуда за мојот клиент.
Судот се повлекува на консултација. По кратко време судијата се враќа и ја чита пресудата:
– Виновен.
Адвокатот:
– Но зошто, почитуван судија. Па нели сите неколку минути упорно гледаа кон вратата?
Судијата:
– Сите освен обвинетиот.

Сподели на Facebook
пати видено