Постар човек минал низ години на душевно злоставување откако ја отворил вратата од својот дом за двајца гости кои потоа кон него се однесувале како кон роб, па дури и на неговите пријатели кажувале дека е мртов. 86-годишниот Корнелиус Вајли го поканил синот на неговиот пријател да престојува неколку седмици во неговата куќа во Оукленд, додека да застане на свои нозе. Но, тој „краток престој“ се претворил во четиригодишна ноќна мора за ранливиот пензионер од кој се очекувало да го финансира гостинот и неговата партнерка.
„Го поканив бидејќи тој немаше каде да оди, ми падна жал за него“, раскажува Вајли. „Плаќав за разни нешта…ме оставија без пари.“
Тие го исфрлиле од неговата сопствена спална соба и го натерале тој да готви и чисти за сите, како и да купува намирници, при што еден ден 86-годишниот старец се онесвестил на улица. „Поради нив завшив во болница“, вели Вајли, додавајќи дека премногу се плашел да се врати дома. Додека тој примал медицинска грижа во болницата, неговите гости се спуштиле еден степен под дното. На неговите соседи и пријатели им кажувале дека умрел, ги продавале неговите лични работи, и го уништиле неговиот дом во кој паразитирале последните четири години.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!