1. Ако те слушнам да велиш дека Кристијано Роналдо е секси – готова си!
2. За време на натпревар телевизорот е мој. Турски серии или нешто друго што нема врска со фудбалот може да гледаш кога спијам!
3. Многу е веројатно дека сум се обложил на некој натпревар. Ако ме видиш дека се карам или сум лут ако некој од моите тимови губи, не помислувај да ме смируваш со следниве Фрази:
– Тоа е само игра.
– Ќе го преболиш.
– Твоите ќе победат следниот пат.
Секое користење на некоја од горните реченици ќе доведе до брза ескалација на ситуацијата!
4. Секс додека гледам натпревар /освен ако не е орален/ е надвор од секаква дискусија. Ти обично не го правиш така, не го прави ниту сега само за да ти обрнам внимание.
5. Репризите се многу важни. Воопшто не ме интересира ако сум го гледал веќе натпреварот. Ако треба уште 100 пати ќе гледам репризи.
6. Од сега ти велам дека нема да присуствувам на ниту една твоја средба со роднини или пријатели. Целосно сум зафатен. Освен ако не гледаме заедно Евро 2016.
7. Можеш да гледаш натпревар со мене единствено и само ако мудро молчиш.
8. Да не си се осмелила да ме прашаш што значи аут или офсајд. Одговорот нема да ти се допадне.
9. Судијата секогаш е пе**р.
10. Ако за време на натпреварот си го слушнеш името, биди подготвена веднаш да ми донесеш:
– Пиво…
– Помфрит или салата…
– Или евентуално батерии за далечинскиот управувач од телевизорот…