Научник од Кембриџ тврди дека во нашиот сончев систем има повеќе планети отколку што си мислиме. Во јануари научниците Мајк Браун и Константин Батигин создадоа математички модел посочувајќи дека небесен објект со големина на Нептун можеби влијае на движењето на шест помали објекти во Кајперовиот појас. Наречена „Планета Девет“, се смета дека оваа теоретска планета се наоѓа толку далеку, што едно кружење околу сонцето одзема помеѓу 10 000 и 20 000 години.

pl9

Сега д-р Свер Џ. Аарсет од Институтот за астрономија во универзитетот Кембриџ открил дека патеките на неколку познати џуџиња планети не се толку стабилни како што порано се верувало – нешто што би можело да посочи на присуството на дополнителни планети на периферијата на сончевиот систем.

„Веруваме дека покрај Планета Девет, можеби има и Планета Десет, па дури и повеќе“, вели астрономот.

Сподели на Facebook
пати видено