Двајца полицајци патролираат низ градот и одеднаш кон нив доаѓаат семејство туристи.
– Ду ју спик Инглиш?
– Ц…
– Шпрехен зи Дојч?
– Ц…
– Парле ву Франсе?
– Ц…
Си отишле туристите и едниот полицаец му вели на другиот:
– Абе, не ли треба да научиме малку јазици?
– Што ќе ни се?
– Па за да се снаоѓаме.
– Е, тие дека знаеја многу јазици да не се снајдоа случајно…