Комарците се најсмртоносните животни на планетата. Секоја година убиваат стотици илјади луѓе меѓу кои и огромен број деца. Само женските комарци пијат крв, затоа што им треба крв за да создадат потомство. Иако процесот на пиење на крв изгледа едноставен, тој е многу сложен, а комарците имаат дури 6 игли со кои го прават тоа.