1. Кога работата се одолговлекува премногу долго, вие сте неодговорни. Кога вашиот шеф ја одолговлекува, тој темелно ја работи.
2. Кога нема да завршите нешто, вие сте мрзливи. Кога вашиот шеф нема да заврши, тој е премногу зафатен.
3. Кога ќе направите грешка, вие сте идиот. Кога вашиот шеф ќе направи грешка, тој е човек, бидејќи човечки е да се греши.
4. Кога ќе направите нешто без да го прашате, вие ги преминувате овластувања. Кога шефот го направи тоа, тој има иницијатива.
5. Кога имате став, заземате погрешната страна. Кога вашиот шеф има став, тој е посредник.
6. Кога не ги почитувате правилата, вие грешите. Кога вашиот шеф ги игнорира, тој е оригинален.
7. Кога го молите шефот, вие сте лижач. Кога вашиот шеф го прави тоа пред неговиот шеф, тој соработува.
8. Кога сте надвор од канцеларија, вие денгубите. Кога шефот е надвор од канцеларија, тој излегол на работа.
9. Кога одите во болница, вие сигурно се преправате. Кога шефот оди во болница, тој е многу болен.
10. Кога поднесувате барање за одмор, тоа е неосновано. Кога шефот го прави тоа, тој се преморил од работа.
Како да не му опнете една со ќеф, а?