На возилото може да му се монтира секаков вид на оружје, се движи по секаков терен со своите 6 флексибилни тркала со посебен мотор. Достигнува максимална брзина од 42 км/час и сето тоа го прави без возач. 6,5 тони тешкото возило само се снаоѓа како да дојде од точка А до точка Б, а при тоа може да носи товар до 4 тони. Возилото го скенира теренот, планира патека и се обидува да ја следи, а ако наиде на пречка ја заобиколува. Значи ова чудо може да излезе на терен, да ги најде војниците што се кријат зад аголот, да ги поздрави со оружјето што го носи, без при тоа да се ризикува ниту еден живот на американски војник.