Веруваме дека не постои личност која не слушнала за класиката на сите генерации – Пипи Долгиот Чорап. Ликот на легендарната Пипи во филмовите и сериите од 1969 и 1970 година го отелотврои шведската актерка Ингер Нилсон. За таа улога освои награда за најпопуларен лик, и многумина ја засакале токму поради нејзиниот изглед на вистинска мала немирка. Портокаловата коса, репчињата и пегите ги освоија срцата на публиката.
По улогата на Пипи, Ингер играше во уште неколку филмови и серии, но ниедна од тие улоги ни одблизу не ѝ се доближи на популарноста која ја стекна како Пипи. Денес таа има 58 години, но и понатаму наликува на она мало, ѓаволесто девојче!