Ништо не се мери со тоа – радоста, болката, стравот и возбудата кога за првпат ќе се сретнете со вашето бебе. Тоа е најосновно и најдлабоко човечко чувство, па така двајца фотографи се решиле да ги овековечат такви те мигови во рамките на нивниот проект наречен „Првото здраво“.
Бет Пангберн и Ривер Бенет ги снимаат првите заеднички мигови на родителите и нивните новороденчиња кои се случуваат само неколку часа откако бебињата ќе дојдат на овој свет.
„Има толку силен интензитет во просторијата“, велат тие. „Ништо тука не е наместено ниту позирано, туку чисто човечко чувство и снимање на нашата најголема страст. Секогаш се чувствуваме почестени да бидеме дел од тие случувања. Ништо не е како тоа да видите како се раѓа бебе. Тоа чувство никогаш не ве напушта.“