Просто е зашеметувачки колку многу технолошки иновации се случија во последните петнаесеттина години, од коишто последната е 3D печатењето. Можностите кои оваа нова технологија ги пружа се бројни, и многумина мислат дека 3D печатачот е само најава за уште поневеројатни технологии. Уметникот Џонти Хурвиц бил инспириран од 3D печатењето и решил да направи нешто што никој пред него не го направил.
Хурвиц решил со помош на 3D печатењето да почне да создава „наноскулптури“, како што самиот ги нарекол.
Првиот чекор во процесот е правењето на 3D дигитална анимација на моделот. За да го направи ова, Хурвиц и неговиот тим употребиле околу 250 дигитални дигитални камери.
По завршувањето, го испратиле дизајнот на печатење. Подоцна добиле мала кутија со седум фигурини невидливи за човечко око.
За да можат ги видат сите детали на овие скулптури, морале да употребат специјален електронски микроскоп.
За жал, наноскулптурите случајно биле уништени од страна на еден од неговите колеги.
Сѐ што останало до нано скулптурите се овие слики, но Хурвиц сепак е горд на постигнатото.