Тројца британски туристи ненадејно се нашле во Сирија откако се качиле на погрешен брод по луда ноќ на Кипар. 25-годишниот Луис Елис, 19-годишниот Алекс МекКормик и 23-годишниот Џемс Волмен мислеле дека ќе одат на патување да гледаат делфини, но се испоставило дека се качиле на брод од Агија Напа до сириското пристаниште Тартус.
По пристигнувањето во Тартус, кој е на само 80 километри оддалеченост од опустошениот од војна Хомс, тројцата биле пресретнати од воена полиција во близина на руска морска база. Откако разбрале во каква ситуација се нашле, тројцата почнале да паничат. МекКормик раскажал дека преведувачот почнал да се смее кога му објасниле што се случило. Најпосле успеале да се вратат на Кипар минатата ноќ, при што нивните родители не биле многу импресионирани од случката.