Брисел сака да се справи со мигрантската криза повикувајќи уште доселеници од Африка и Блискиот Исток. Според планот на Европската Космисија, на мигранти од Африка и Блискиот Исток ќе им бидат давани зелени карти како во САД, со што ќе им се дава право на работа. Исто така, ќе можат со себе да ги доведат и своите семејства. Овој потег доаѓа по пристигнувањето на милион мигранти во Европа минатата година и дополнителен бран од 206 000 луѓе во 2016 година.

mg01

Официјалните претставници веруваат дека оваа понуда за право да дојдат во Европа ќе ја потисне илегалната емиграција. Жан Клод Јункер, претседателот на Европската Комисија, кој е главниот организатор на овој план, неколку пати повторува дека Европа треба да ги прошири законските правила за миграција. Тој вели дека ако Европа не ги „отвори своите врати“, мигрантите едноставно ќе „упаднат преку прозорецот“.

mg02

Од друга страна, евроскептиците ја обвинуваат Комисијата за „лудост“ поради последниот план, велејќи дека ова само ќе долее „масло на огнот“.

Сподели на Facebook
пати видено