Науката и модерната технологија тргнале научната фантастика да ја донесат во реалниот живот. Група истражувачи од Калифорнија, САД, развиле „егзокостим“ кој на војниците, како и на луѓето во поодмината возраст, ќе им донесе „натчовечка“ сила. Костимот е наречен „суперфлекс“ и во него се вклучени сензори за движење, брзиномери и жироскопи за мерење на брзината, како и аглите на нозете, па со тоа најсоодветно да се прилагодат движењата.
Овој проект е дел од програмата ДАРПА, и е дизајниран за да ги намали мускулно-коскените повреди при диманични настани, вообичаено во услови на битки. Прототипот е еластичен костим кој одговора на речиси сите телесни типови. Со него корисниците добиваат супер сила кога ќе треба да се справат со тешко преоптоварување, носење и кревање тешки товари, но ќе биде полезен и за постарите лица на кои им е потребна помош при движењето.